За деновите кога не броиме калории: Богат и сочен чоко-колач со банани и путер од кикиритки
Се прави лесно, а целиот дом ќе ви мириса ароматично на ова вкусно колаче дури и неколку дена подоцна.

Ќе си го грицкате со уживање и сласт заедно со шолја од омилениот топол напиток. Комбинацијата од банани, какао, чоколадо и путер од кикиритки го освојува непцето.
Направете го уште денес и заборавете на зборот диета и броењето калории.
Потребни состојки:
- 3 зрели банани
- 300 g просеано брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- прстофат сол и малку цимет
- 2 јајца
- 80 g темно чоколадо
- 100 g кафеав шеќер
- 2 лажици какао
- 100 g путер од кикиритки
- 60 g масло
- 100 g јогурт
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за колачот премачкајте го со путер и наросете брашно.
- Изгмечете ги добро бананите. Растопете го чоколадото на пареа и измешајте го со какаото во прав.
- Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а во друг измешајте ги јајцата, додадете ги изгмечените банани, јогуртот и маслото. Комбинирајте ја оваа смеса со сувите состојки.
- Смесата поделете ја на два дела, во едниот дел ставете го путерот од кикиритки, а во другиот дел чоколадото.
- Наизменично ставајте малку од едната, па од другата смеса додека не ги потрошите двете. Печете 50 минути.
- По желба, премачкајте го колачот со малку стопено чоколадо, готов карамел, малку шлаг и сечкани кикиритки или пак прелијте го со мазен путер од кикиритки.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...