Печени плескавички од карфиол, похувани на здрав начин – се прават за 15 минути
Кога станува збор за растителни плескавички, најчесто се среќаваат рецепти од компир и тиквички, а додека сè уште има карфиол по пазарите мора да го пробате и овој рецепт. Се подготвуваат брзо, а уште побрзо ги снемува.

Обично, растителните плескавички и похуваниот карфиол избегнуваме да ги подготвуваме затоа што се пржат во многу масло.
Ова е рецепт за здрава верзија на храна од карфиол што се пече во рерна, а се одлични за појадок или како додаток со главното јадење.
За да ги подготвите овие вкусни плескавички од карфиол треба само да ги измешате сите состојки и потоа со лажица да формирате топчиња.
Потребни состојки:
- 500 g карфиол
- 1 морков рендан
- Црн бибер (по вкус)
- Куркума (по вкус)
- Сол (по вкус)
- 2 јајца
- 90 g брашно од спелта
- Маслиново масло за готвење
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Карфиолот се одвојува на цветчиња и добро се мие.
- Цветчињата од карфиол се ставаат во блендер за добро да се иситнат.
- Во длабок сад се ставаат изблендираниот карфиол и изренданиот морков, се додаваат зачини и сите состојки се мешаат.
- Се додаваат јајцата и се мешаат, а потоа се додава и брашното од спелта и се меша додека не се добие пире.
- На обложен плех со хартија за печење се лажица се вадат топчиња од смесата и се порамнуваат за да се добијат плескавички.
- Плескавичките се прскаат со малку маслиново масло за готвење и се ставаат да се печат во претходно загреана рерна, со вентилатор на 180 степени Целзиусови, или на 190 степени Целзиусови без вентилатор околу 25 до 30 минути или додека не добијат златно-кафеава боја.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште
Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...