Вкусен и лесен лимонов тарт – истовремено сочен, сладок и киселкаст десерт

Зошто го одбравме токму овој рецепт за домашен тарт со вкус на лимон?  Неговата сладост и киселост во исто време, едноставната подготовка, 7 основни состојки кои нема да ве чинат многу - доволно е?

Vkusen-i-lesen-limonov-tart-01.jpg

Воедно, за овој десерт не е потребно месење, и претставува одлична можност да се покажат сите пекари-почетници и е забавен проект за готвење со дечиња.

Потребни состојки:

За кората:

  • 130g обично, бело брашно
  • 110g несолен путер
  • 4 лажици шеќер во прав

За филот со лимон:

  • ¼ чаша слатка павлака за готвење
  • ¼ чаша бел шеќер
  • 1 големо јајце
  • Сок од 1 голем лимон (или најмалку 1/3 чаша)

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад, измешајте ги брашното, стопениот путер и шеќерот во прав додека не добиете меко тесто.
  • Притиснете го тестото на дното од калапот за печење и обложете ги и страничните делови. Тестото прободете го неколкупати со виљушка.
  • Печете околу 20 минути на 190°C. Потоа извадете ја кората и оставете ја да се излади. Намалете ја температурата на рерната 150°C.
  • Во друг сад, изматете го шеќерот, јајцето, слатката павлака и сокот од лимон. Внимателно истурете го врз изладеното тесто.
  • Вратете го тестото со филот во рерната и печете уште 35-40 минути или додека целосно не се стегне филот.
  • Оставете тартот целосно да се излади пред да го извадите од плехот. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Vkusen-i-lesen-limonov-tart (4).jpg

Vkusen-i-lesen-limonov-tart (3).jpg

Vkusen-i-lesen-limonov-tart (2).jpg

Vkusen-i-lesen-limonov-tart (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава