Слатки залчиња - Плазма коцки со путер од кикиритки

Овие слатки, мали залчиња се идеален десерт кога сакате нешто екстремно благо, без да заглавите во кујна.

slatki-zalcinja-plazma-kocki-so-puter-od-kikiriki1.jpg

Се прават од лесни, едноставни состојки кои не чинат многу, а имаат врвен вкус.

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • 400g шеќер во прав (или засладувач по желба)
  • 200g несолен путер (растопен)
  • 300g путер од кикиритки

Глазура:

  • 150g путер од кикиритки
  • 200g млечно или црно чоколадо
  • 50g ситно сечкани кикиритки за декорација (по желба)

Подготовка:

  • Во длабок сад истурете ги мелените бисквити и помешајте ја со шеќерот во прав. Додадете го растопениот путер и путерот од кикиритки, па со рака размешајте ја смесата.
  • Кога смесата добро ќе се соедини ставете ја на тава со мрсна хартија. Убаво со рака натапкајте ја смесата и порамнете.
  • Тавата оставете ја 15 минути во замрзнувач.
  • Во меѓувреме стопете го чоколадото, додадете го путерот од кикиритки за глазура и мешајте додека не се соединат.
  • Прелијте ја смесата со добиената глазура, па проросете ги ситно сечканите кикирики. 
  • Изладете 1-2 часа, а потоа исечете мали коцки.

slatki-zalcinja-plazma-kocki-so-puter-od-kikiriki-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава