Посен десерт готов за 10 минути: Бомбици од урми со вкус на ванила (видео)

Овие бомбици се прават со само 6 состојки, а не содржат масло, глутен и шеќер. Вкусни се и посни. Дополнително, во кујната нема да настане хаос од садови, затоа што за нивна подготовка ви треба само процесор за храна.

posen-desert-na-koj-nema-da-mozhete-da-mu-odoleete-bombici-od-urmi-so-vkus-na-vanila-video-01.jpg

Овие бомбици може да ги подготват и целосните почетници во кујната. За да го подготвите овој десерт ќе треба само сите состојки да ги ставите во процесор за храна и тоа е тоа – за 10-тина минути ќе имате вкусни бомбици.

Од една доза излегуваат околу 16 бомбици, така што ова истовремено е и совршен рецепт што може да го подготвите на брзина кога немате ништо благо дома или ако имате ненајавени гости.

Потребни состојки:

  • 280g урми (без семка);
  • 280g ореви;
  • 120g бадемово брашно;
  • 40g кокосово брашно;
  • Прстофат морска сол;
  • 2 големи лажици екстракт од ванила.

Начин на подготовка:

  • Урмите без семка се ставаат во процесор за храна да се иситнат во целост додека не се формира мало топче. По ова урмите се тргаат од процесорот за храна и се ставаат настрана.
  • Во процесорот за храна се ставаат ореви, бадемово брашно, кокосово брашно и прстофат сол. Сите состојки се блендираат додека не се добие полуизедначена смеса.
  • Се додаваат урмите и екстрактот од ванила и повторно сите состојки се блендираат додека да се добие глатко тесто. Потребно е состојките да бидат само иситнети, а не да станат како пире.
  • Од готовата смеса се земаат околу 2 лажици тесто и се обликуваат во бомбици.
  • По желба бомбиците може да се извалкаат во кокос или да се остават како што се.
  • Готовите бомбици се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава