7 eдноставни предлози за појадок кој ќе ви ја даде потребната енергија

Никола Ладлам-Рејн е експерт за исхрана. За Insider, таа споделува неколку едноставни предлози за појадоци богати со протеини кои ќе ви ја дадат потребната енергија наутро и нема да го зголемат нивото на шеќер во крвта.

7-ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-01.jpg

Никола вели дека наутро е важно да јадеме појадок кој нема да предизвика нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Во спротивно, нивото на шеќер во крвта може нагло да опадне во попладневните часови, а ова значи дека ќе се чувствуваме летаргично.

„Ако правите голема пауза меѓу оброци или целосно ги прескокнувате, нивото на гликоза во крвта може нагло да се спушти, а ова ќе има негативно влијание врз вашата енергија.

Наутро внесувајте јаглехидрати од овошје и зеленчук, интегрален леб и овес. Овие намирници имаа хранливи влакна, а не предизвикуваат нагли промени во нивото на шеќер во крвта“, открива Никола.

Во продолжение дел од нејзините предлози за појадок:

Пудинг со чиа семе и јагоди

Потребни состојки:

  • 2 лажици чиа семе
  • ½ шолја бадемово млеко (можете да користите и обично)
  • 1 лажица протеински прашок (доколку сакате)
  • Мед (доколку сакате засладувач)
  • Јагоди

Начин на подготовка:

  • Во сад ставете ги чиа семето и млекото, како и протеинскиот прашок. Оставете го садот да отстои преку ноќ во фрижидер.
  • Следното утро, во садот додајте мед и јагоди. Можете да додадете и една лажица путер од кикиритки.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-02.jpg

Палачинки

Потребни состојки (за една личност):

  • 1 банана
  • 2 јајца
  • 1/3 шолја овесни снегулки
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • Малку сол
  • Малку екстракт од ванила (доколку сакате)

Начин на подготовка:

  • Испасирајте ја бананата и добро измешајте ги сите состојки.
  • Печете ги палачинките на загреана тава со малку масло додека да добијат златна боја.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-05.jpg

Печен овес со јаболка

Потребни состојки:

  • 1/2 банана, пасирана
  • 40 грама овес
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • Малку цимет
  • Малку сол
  • 1/2 јаболко, исечено на мали парчиња
  • 1/2 шолја бадемово млеко
  • Путер од кикиритки за декорација

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте тава со малку путер или масло.
  • Измешајте ги сите состојки и оставете неколку парчиња од јаболкото.
  • Ставете ја смесата во тавата, додајте ги останатите јаболка и печете околу 20 минути, односно додека овесот да добие златна боја.
  • На крај додајте путер од кикиритки.

ednostavni-predlozi-za-pojadok-koj-kje-vi-ja-dade-potrebnata-energija-i-nema-da-vi-go-zgolemi-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Редена торта со јагоди – за кога немате ништо благо во фрижидер Сезоната на јаготки треба да се искористи максимално, па ова е уште еден сладок ...
Хит рецепт за мезе: Зачинети ребра од пченка со сочен сос На социјалните мрежи масовно се споделуваат рецепти за здрава брза храна, што мо...
5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами Пржени јајца со песто, едноставен сендвич со наут и хумус, полнети печурки со пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg