Два предлог рецепти за мезе: Пица мафини и потпечени пица тортиљи

Пицата е омилено јадење за сите генерации, а во продолжение проследете два кратки рецепти за мини пици што се подготвуваат мошне лесно, а можете да ги подготвите и ако очекувате гости.

dva-recepti-za-lesno-meze-za-gosti-pica-mafini-i-potpecheni-pica-tortilji-01.jpg

Мини-пиците се совршено решение ако сакате да подготвите брз оброк, за кој нема да ви бидат потребни некои особени вештини, а ќе им се допаднат на сите членови во семејството.

Овие рецепти може да ви се најдат ако очекувате гости, а сакате да ги изненадите со домашно подготвено мезе.

Во првиот рецепт можете сами да го подготвите тестото за пица од само две состојки или пак може да употребите и готово тесто за пица.

За вториот рецепт ќе ви бидат потребни тортиљи.

Мини пица мафини

Потребни состојки (за шест мини пици):

  • 200g саморастечко бело брашно;
  • 235ml јогурт;
  • 300g рендана моцарела;
  • 250ml доматен сос;
  • 100g кулен;
  • 3 тенки колбаси (исечкани на кругчиња);

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
  • Од брашното и јогуртот се замесува тесто. Тестото се растегнува и од него со калап се вадат шест кругови.
  • Круговите се ставаат во претходно подготвен плех за мафини;
  • На секој од круговите се става по малку моцарела и по една лажица сос од домати.
  • Се става по едно парче кулен и повторно изрендана моцарела.
  • Врз моцарелата се ставаат по неколку парчиња исечкани тенки колбаси.
  • Пица мафините се печат на температура од 180 степени Целзиусови околу 10-тина минути или додека не добијат златно кафеава боја.

dva-recepti-za-lesno-meze-za-gosti-pica-mafini-i-potpecheni-pica-tortilji-02.jpg

Пица тортиља

  • 7 тортиљи;
  • 250g путер;
  • 2 чешниња ситно исечкан лук;
  • 300ml доматен сос;
  • 300g моцарела (изрендана);
  • 100g кулен (изрендан).

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Во сад се става путерот да се стопи и се додава ситно исечкан лук;
  • Средишниот дел на секоја од тортиљите се премачкува со околу половина лажица путер;
  • Врз делот премачкан со путер рамномерно се распоредува доматен сос, рендана моцарела и околу две кругчиња изрендан кулен;
  • Тортиљата се мота како палачинка и се става на претходно обложен плех со хартија за печење;
  • Постапката се повторува додека не се потрошат сите тортиљи и се ставаат да се печат околу 10-тина минути на 200 степени Целзиусови;
  • Врз запечените тортиљи се става рендана моцарела и изрендан кулен и се враќа уште пет минути во рерна.

dva-recepti-za-lesno-meze-za-gosti-pica-mafini-i-potpecheni-pica-tortilji-04.jpg

Видео упатство:

https://www.instagram.com/tv/CbVbEL9D-2i/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...

Најчитани неделава