Предлог рецепт за ручек: Пилешко полнето со спанаќ и растопено сирење
Пилешкото месо одлично може да се комбинира со пролетниот зеленчук, а комбинацијата со спанаќ и сирење ќе им се допадне на сите.

Станува збор за КЕТО-рецепт што подеднакво ќе им се допадне и на оние што не се придржуваат до овој начин на исхрана. Сепак, убаво е кога знаете дека тоа што го приготвувате со сигурност е и здраво.
Потребни состојки:
- 120 до 170g пилешки гради без коска;
- 2 мали лажици црвен пипер;
- 1 мала лажица оригано;
- 1 мала лажица лук во прав;
- ½ лажица вегета;
- ½ мала лажица сол;
- ¼ мала лажица црн бибер;
- 2 супени лажици маслиново масло.
За фил:
- 150g спанаќ исчистен, измиен и исушен;
- 75g фета сирење изронето;
- 60g рикота (изронета);
- 2 лажици ситно исечкани перца од млад кромид;
- 2 чешниња лук изрендани;
- ½ мала лажица ситно исечкан копар.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
- Пилешките гради се сечат на половина и се зачинуваат со зачините.
- Во подлабок сад се мешаат состојките за филот: спанаќот, сирењата, перцата од кромид, лукот и копарот.
- Секое парче од пилешките гради се полни со претходно измешаниот фил и се затвора со чепкалка за заби.
- Наполнетите пилешки гради се запржуваат на маслиново масло во нелепливо тавче додека не поруменат.
- Стековите заедно со маслото се префрлаат во плех и се ставаат да се испечат на температура од 200 степени Целзуисови од 15 до 18 минути (иако овој чекор го нема во видеото, сепак е неопходен).
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...