6 рецепти за освежителни пролетни салати кои заменуваат оброк (видео)
Компир салата со шери домати и растопен кашкавал

Потребни состојки:
- 1 kg млади компири;
- 2 чешниња лук (ситно исечкан);
- 30g путер;
- 2 големи лажици маслиново масло;
- 1 мала лажичка сол, црн бибер и малку буковец;
- 10 шери домати;
- 2 големи лажици исечкан магдонос;
- 2 големи лажици исечкан млад кромид;
- 60g кашкавал;
- 2 големи лажици сок од лимон.
Начин на подготовка:
- Компирите се лупат и се варат додека не бидат во целост сварени.
- Во подлабоко нелепливо тавче на средна температура се растопува малку путер, се додава маслиново масло, лук и зачини, па се додаваат и компирите.
- Се додаваат исечкани шери домати, магдонос и млад кромид и сок од лимон и убаво се меша.
- На крај се става малку рендан кашкавал и се затвора тавата со капак и се остава да отстои додека да се стопи кашкавалот.
Видео упатство:
Салата со брокула и пченка

Потребни состојки:
За салата:
- ½ kg брокула;
- 4-5 кисели краставички;
- Варена пченка (еден филџан);
- 2-3 млади кромиди;
- 2 црвени пиперки печени
- Копар
- Магдонос
За прелив:
- 2 чешниња лук;
- 4 големи лажици маслиново масло;
- 1 голема лажица сок од лимон
- сол по вкус.
Начин на подготовка:
- Брокулата се вари и се сечка на ситни цветчиња и се става во подлабок сад, па се додаваат киселите краставички, пченката, младиот кромид, исечкани црвени пиперки, копар и магдонос.
- Во друг сад се мешаат состојките за преливот и салатата се прелева со добиената смеса и се меша.
Видео упатство:
Салата со маслинки

Потребни состојки:
За салата:
- 1 чинија маслинки со пиперка (исечкани на кругчиња);
- 2-3 страка млад кромид (исечкан);
- 4-5 гранчиња магдонос (исечкан);
- 1 голем домат исечкан;
- 1 шака исечкани ореви.
За прелив:
- 4-5 лажици маслиново масло;
- 1 лажица сол;
- 1 лажица црвен пипер;
- Сок од 1 лимон
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се мешаат исечканите маслинки, кромид, домат, магоднос и ореви.
- Салатата се прелева со состојките за прелив и се меша.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...