6 рецепти за освежителни пролетни салати кои заменуваат оброк (видео)

Салата со сок од портокал, со маслинки, несекојдневна компир салата со растопен кашкавал и пролетен зеленчук. Изберете кој од овие рецепти најмногу ви се допаѓа.

6-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-koi-zamenuvaat-obrok-video-01.jpg

Пазарите се преполни со пролетен зеленук, а по долгата и тешка зима сите со нетрпение очекуваме да подготвиме вкусна свежа салата.

На Инстаграм може да се најдат повеќе рецепти за вкусни пролетни салати што сигурно ќе ви се допаднат и ќе ви помогнат да внесете некој новитет на трпезата.

Избравме шест рецепти што може да ги изберете во зависност од главното јадење, но и од состојките што веќе ги имате дома.

Погледнете ги нашите пет предлози за освежителни пролетни салати:

Пролетна салата со сок од портокал

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-02.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • 1 марула
  • 1 врзоп рукола
  • Варена пченка
  • Рендан морков

За прелив:

  • Сок од 1 портокал;
  • Сок од половина лимон;
  • Сол (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Марулата и руколата ситно се сечкаат за салата и се ставаат во подлабок сад.
  • Се додава рендан морков и варена пченка.
  • Во чаша се меша сокот од портокал, сокот од лимон и сол и салатата се прелева со мешавината.

Видео упатство:

Салата од шери домати со рукола и моцарела

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-03.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • 500g шери домати
  • 250g моцарела
  • 100g рукола

За прелив:

  • 50g песто сос
  • 2 лажици оцет
  • 50ml вода
  • 1 лажичка сол
  • Црн бибер (по вкус)

Начин на подготовка:

  • Доматите се сечат на половина, а руколата се ситни со нож.
  • Во длабок сад се ставаат доматите, руколата и моцарелата.
  • Во друг сад се става песто сос, сол, црн бибер, вода и оцет и сите состојки се мешаат додека не се добие изедначен прелив.
  • Салатата се прелева со подготвениот прелив и се меша.

Видео упатство:

Салата од цвекло и зелка

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-04.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • ½ зелка ситно исечкана;
  • 1 рендан морков;
  • 1 рендано цвекло;
  • 1 црвен кромид (ситно исечкан);
  • магдонос.

За прелив:

  • 2 лажици маслиново масло;
  • Сок од 1 лимон,
  • ситно исечкано чешне лук;
  • 2 лажици балсамов оцет.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се става исечканата зелка, малку се посолува и се гмечи со рацете.
  • Се додава изрендан морков, цвекло, исечкан кромид и магдонос.
  • Во друг сад се мешаат состојките за прелив додека не се добие изедначена смеса.
  • Салатата се прелева со подготвениот прелив и се меша.

Видео упатство:

Уште три салати на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...

Најчитани неделава