Без месење и печење: Вкусна пица од тавче, готова за 20 минути

Пицата е омилено јадење за сите генерации, а овој рецепт ќе ви овозможи да подготвите вкусна пица за 20 минути. За подготовка ви е потребно само едно поголемо нелепливо тавче, во кое ќе ги измешате потребните состојки.

bez-mesenje-i-pechenje-vkusna-pica-od-tavche-gotova-za-20-minuti-01.jpg

Доколку сакате да подготвите вкусна пица без да оставите огромен неред зад вас ова е идеален рецепт.

Потребно ви е само едно поголемо нелепливо тавче и 20-тина минути за да имате вкусен оброк.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 120ml топла вода;
  • 1 голема лажица маслиново масло;
  • 85g сенаменско брашно;
  • ½ лажичка шеќер;
  • ½ лажичка инстант квасец;
  • ½ лажичка сол.

За фил:

  • 130g доматно пире;
  • 200g рендана моцарела;
  • 75g кулен (исечкан на кругчиња);
  • Свеж босилек за зачин (исечкан).

Начин на подготовка:

  • Во подлабоко нелепливо тавче се ставаат водата, маслиновото масло, брашното, шеќерот, квасецот и солта;
  • Сите состојки се мешаат со пластична шпатула за торта додека не се добие изедначено тесто;
  • Готовото тесто се распоредува рамномерно во тавчето;
  • На тестото се нанесува доматно пире, се распоредува рендана моцарела и парчиња кулен;
  • Се става да се готви на рингла со средна температура околу 10-тина минути, при што тавчето треба да се прекрие со капак. Исто така, дупчето на капакот треба да се покрие со кујнска ракавица;
  • Се трга ракавицата од дупчето на капакот и пицата се остава да се пече уште пет минути, или додека краевите да станат крцкави;
  • Пицата се зачинува со исечкан свеж босилек и се служи.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава