5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами

Пржени јајца со песто, едноставен сендвич со наут и хумус, полнети печурки со праз - постојат многу рецепти кои не одземаат многу време и се совршени за деновите кога готвите само за себе.

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-01.jpg

Многу луѓе воопшто не се нафаќаат да готват ако треба да приготвуваат само една порција. Но, постојат навистина едноставни, а притоа вкусни и хранливи рецепти со кои ќе направите цел ручек само за вас.

За приготвувањето на овие рецепти ќе ви треба околу половина час, а најдоброто е што можете да ја адаптирате количината на повеќето состојки, како зеленчук, фета сирење или хопла, според вашиот вкус.

5 едноставни рецепти за ручек за еден:

Пржени јајца со песто

Потребни состојки:

  • 1 компир исечен на помали парчиња
  • 1 лажица песто
  • 2 јајца
  • 3-4 шери домати
  • 1 рака спанаќ
  • Малку рендан пармезан
  • Маслиново масло
  • Сол

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Ставете го исечениот компир во тава за печење, ставете малку маслиново масло и сол и испечете го.
  • Во поголема тава за пржење ставете маслиново масло и лажица песто, па додајте ги двете јајца и шери доматите. Ставете ги доматите на едната страна од тавата, а јајцата на другата.
  • Кога ќе се испржат јајцата, тргнете ја тавата од оган и додајте ги спанаќот и компирот и малку измешајте ги со доматите. 
  • Откако спанаќот малку ќе се обари од топлината на тавата, додајте го ренданиот пармезан и послужете. 

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-02.jpg

Фритата со компир и брокула

Потребни состојки:

  • Неколку млади компирчиња
  • Неколку кругови кромид
  • 3-4 стапчиња брокула
  • 3 изматени јајца
  • Малку издробено фета сирење
  • Маслиново масло
  • Сол

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Ставете ги компирите во тава за печење, додајте маслиново масло и сол и ставете ги во рерната.
  • По 10-тина минути додајте го кромидот и печете уште 10 минути. Потоа додајте ја брокулата, па печете уште 10 минути и извадете ја тавата од рерната.
  • Во тава за пржење ставете масло и додајте ги изматените јајца, печените компири, кромидот и брокулата. Гответе неколку минути на среден оган (можете да додадете и малку бибер).
  • Покријте ја тавата со капак и гответе уште неколку минути додека да се испржат јајцата.
  • На крај додајте го издробеното фета сирење и послужете.

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-06.jpg

Уште три рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јајца на око со виршли во форма на цветови - децата ќе ги обожаваат (видео) Едноставен рецепт за јајца на око со виршли цветови, кој, освен што се спрема бр...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg