Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 освежителни, малку поинакви салати со краставица кои вреди да ги пробате

Сезоната на краставици ја прогласуваме за отворена. Всушност, краставиците ни се достапни во текот на целата година, но ништо не може да се спореди со вкусот во текот на летниот период кога се најсвежи.

3-osvezitelni-malku-poinakvi-salati-so-krastavica-01.jpg

Покрај омилената шопска салата која не може да се замисли без краставица, како и најобичната, а сепак толку вкусна салата од краставица и оцет, ви нудиме уште 3, по малку необични, но вкусни рецепти со краставици кои вреди да ги испробате:

Крем салата со краставица, ореви, лук и свежо нане

Потребни состојки:

  • 2 големи краставици
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 кисело млеко од 250 ml
  • 100 gr ореви
  • Ливчиња свежо нане (по желба)
  • Зачини по желба – сол, бибер, копар
  • Малку маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Исечкајте ги краставиците, откако претходно добро сте ги измиле. Исечкајте го кромидот, како и лукчето на ситни парчиња.
  • Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, заедно со зачините и маслиновото масло. На крајот може да додадете и свежо нане, по вкус.

3-osvezitelni-malku-poinakvi-salati-so-krastavica (1).jpg

Луто зачинета азиска салата со краставица

Потребни состојки:

  • 6 мали краставички или 2 поголеми
  • Сол, за да ја „извадите“ водата од краставиците

За сосот:

  • Соја сос
  • 2 чешниња лук
  • Оризов оцет
  • Масло со чили (може да измешате малку лут буковец во масло како замена)
  • Прстофат шеќер
  • Сусам
  • Млад кромид

Начин на подготовка:

  • Исечкајте ги краставиците на тркалца и добро посолете ги. Оставете ги 10 минути додека солта не ја „извади“ водата од нив, а потоа добро исцедете ги.
  • Во подлабок сад, измешајте ги сите наведени состојки за сосот, откако претходно ситно сте го исечкале младото кромитче.
  • Добро измешајте го подготвениот сос со сечканите краставици.

3-osvezitelni-malku-poinakvi-salati-so-krastavica (4).jpg

Освежителна салата со јаболка и краставици

Потребни состојки:

  • 1 големо јаболко
  • 1 голема краставица
  • Свеж копар
  • Крем балсамиран оцет
  • ½ свеж цеден лимон
  • Сол и бибер, по вкус

Начин на подготовка:

  • Измијте го јаболкото и краставицата и исечкајте ги на коцки.
  • Додадете балсамиран оцет, но внимавајте да биде кремаст, а потоа и цеден лимон. Зачинете по вкус и додадете исечкан свеж копар, по желба.

3-osvezitelni-malku-poinakvi-salati-so-krastavica (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg