Освежителни коцки со лимон и боровинки – совршен летен десерт

Слатки и по малку киселкасти, овие освежителни коцки се одлични за десерт или како закуска кога сте во движење.

Osvezitelni-kocki-so-limon-i-borovinki-01.jpg

Плус, една од состојките е омилената суперхрана и еден од најдобрите антиоксиданти за телото и умот: боровинките.

Потребни состојки:

  • 1 + ¼ шолја бисквити, ситно сомелени
  • 4 лажици стопен, солен путер
  • 1 лажица кафеав (или обичен) шеќер
  • Рендана кора од 1 лимон
  • 400 ml кондензирано млеко
  • ½ шолја сок од лимон
  • 1 големо јајце
  • 1 шолја свежи боровинки

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте правоаголно тавче за печење со малку масло и поставете хартија за печење.
  • Во подлабок сад измешајте ги сомелените бисквити заедно со путерот, шеќерот и половина од ренданата кора од лимонот. Цврсто и рамномерно натапкајте ја смесата во подготвената тава.
  • Печете додека не порумени малку околу рабовите, околу 10 минути. Оставете ја смесата да се излади во тавата на решетката во рерна најмалку 10 минути.
  • Во меѓувреме, темелно изматете го кондензираното млеко заедно со сокот од лимон, јајцето и преостанатата кора од лимон во подлабок сад. Додадете ги боровинките.
  • Рамномерно прелијте го филот врз испечената кора. Печете додека колачот добро не се стегне, 16 до 18 минути. Оставете да се излади на собна температура 1 час.
  • Покријте го и ставете го во фрижидерот уште најмалку 1 час. Исечете на коцки и уживајте во вкусот.

Osvezitelni-kocki-so-limon-i-borovinki-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава