Најдобар оброк за жени во ПМС: Тестенини со лосос и зеленчук

Оваа салата со тестенини е полна со здрави и хранливи материи што ќе ви помогнат со варењето и ќе ги решат проблемите со подуеноста.

najdobar-obrok-za-zheni-vo-pms-testenini-so-losos-i-sos-poln-so-zdravi-vitamini-01.jpg

Голем број жени се соочуваат со подуеност и болки за време на менструалниот циклус и затоа во предменструалниот период треба да се обрне особено внимание на исхраната за да се подготви телото за деновите што следат.

Со помош на храната, може да се воспостави поголем баланс во телото и полесно да ги поминете деновите што се вистинско измачување за голем број жени, особено во летниот период.

Оваа салата изобилува со протеини, здрави маснотии и јаглехидрати што ќе ви помогнат да го подготвите телото за менструалните тегоби.

Сосот од кељ е полн со антиоксиданси, витманини и влакна што ќе ви помгнат за подобро варење на храната и ќе ви помогнат во борбата со подуеноста.

Потребни состојки:

  • 150g тестенини (шпагети, макарони или други по желба);
  • Парче лосос;
  • 3 листови од ќељ;
  • Чешне лук;
  • 3 големи лажици пармезан;
  • 2 големи лажици ореви;
  • 2 големи лажици маслиново масло;
  • 1 голема лажица изрендана кора од лимон (не е задолжително);
  • Сол и бибер по вкус.

Начин на подоготвка:

  • Тестенините се варат според упатството за подготовка и се процедуваат (потребно е да зачувате околу 2 лажици од водата во која се вареле);
  • Листовите од ќељ се мијат и се ставаат во блендер, заедно со лукот, пармезанот, оревите, сол и бибер. Доколку сакате можете да додадете и кора од лимон;
  • Состојките се блендираат додека не се добие изедначена смеса;
  • Во блендерот се додава и маслиновото масло и сосот повторно се меша околу 30 секунди;
  • Во подлабоко тавче на средна температура се пржи лососот, додека не добие светло розова боја, а потоа со шпатула или со дрвена виљушка се ситни на мали парченца (со отстранети коски);
  • Се додава сосот од кељ и сварените тестенини, заедно со 2 лажици од течноста во која се вареле;
  • Со постојано мешање, тестенините се пропржуваат околу 2 до 3 минути за да се соединат сите вкусови.

najdobar-obrok-za-zheni-vo-pms-testenini-so-losos-i-sos-poln-so-zdravi-vitamini-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...

Најчитани неделава