„Секси девојка“ – Салатата што стана хит ова лето затоа што брзо ги топи килограмите

„Ослабев околу 9 килограми затоа што секој ден ја јадев оваа салата“ – открива корисничката што прва го објави видеото за салатата „Секси девојка“ која стана хит на социјалните мрежи.

zheshka-devojka-salatata-shto-stana-hit-ova-leto-zatoa-shto-brzo-gi-topi-kilogramite-01.jpg

Социјалните мрежи се местата каде што најбрзо и вирално се шират новите трендови и рецепти, а пред почетокот на летната сезона сите се загрежени за телесниот изглед па воопшто не е чудно што оваа салата стана вистински хит.  

Лесна е за правење, а корисничката што прва го објави рецептот тврди дека со неа успеала да ослаби 9 килограми и дека ја консумира секојпат кога чувствува дека има потреба од слабеење.

zheshka-devojka-salatata-shto-stana-hit-ova-leto-zatoa-shto-brzo-gi-topi-kilogramite-02.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • 140g краставици (ситно исечкани);
  • 150g пиперки (исечкани);
  • 30g црвен кромид (ситно исечкан);
  • 10g лути пиперчиња (ситно исечкани);
  • 35g лупен сончоглед;
  • 1 варено јајце.

За прелив:

  • 3 големи лажици маслиново масло;
  • 1 лажица вински оцет;
  • Сок од 1-2 лимони;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 супена лажичка јаворов сируп;
  • ¼ лажичка буковец;
  • ¼ лажичка црвен пипер;
  • ¼ лажичка црн бибер;
  • Сол (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад се подготвува преливот за салата. Се мешаат маслиновото масло, оцетот, сокот од лимон, јаворовиот сируп, изгмечен лук, буковец, црвен пипер, црн бибер и сол и подготвениот прелив се остава настрана;

    zheshka-devojka-salatata-shto-stana-hit-ova-leto-zatoa-shto-brzo-gi-topi-kilogramite-04.jpg

  • Се сечка свареното јајце (кое треба да се вари околу 16 минути во зовриена вода);
  • Црвениот кромид се сечка и се остава во сад со ладна вода да стои додека го сечкате останатиот зеленчук;
  • Во длабок сад се става исечканиот зеленчук, па се додаваат сончогледот, исечканото јајце и процедениот кромид;

    zheshka-devojka-salatata-shto-stana-hit-ova-leto-zatoa-shto-brzo-gi-topi-kilogramite-05.jpg

  • Салатата се прелева со подготвениот прелив.

Погледнете го видеото:

@herdresscode Summer time fine #fyp #foryourpage #lifestyleblogger #fashionblogger #selfcareroutine #foodtiktok #weightloss #foodblogger #dinnerrecipes #spring ♬ Fallin' in a Garden - LLusion

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео) Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...

Најчитани неделава