Брзо и вкусно мезе: Крем салата со пилешко месо и сусам (видео)

На оние што обожаваат пилешка салата, но не се големи љубители на печурки, овој рецепт веднаш ќе им се допадне. Можете да ја сервирате како мезе или со неа да подготвите ладни сендвичи.

brzo-i-vkusno-meze-krem-salata-so-pileshko-meso-i-susam-video-01.jpg

Сендвичите со пилешка салата се едни од омилените, а ова е еден малку поинаков начин за да подготвите кремаста пилешка салата од само 6 состојки.

Се подготвува брзо, а ќе ја снема уште побрзо.

Потребни состојки:

  • 500gr пилешко месо;
  • 7-8 кисели краставички;
  • 4 полни лажици павлака;
  • 2-3 полни лажици мајонез;
  • 1 мала лажичка сенф;
  • 150gr сусам.

Начин на подготовка:

  • Претходно свареното пилешко месо се сече на ситни коцкички;
  • Сусамот се става малку да се пропржи на тава без масло;
  • Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат;
  • По потреба се додава повеќе павлака или мазјонез.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава