Летен десерт без печење: Чоко-портокал торта, со фил од мелени лешници
Ова е идеална торта доколку сакате да подготвите летен десерт без печење. Основата на тортата се подготвува со мелени бисквити, а ќе биде потребно да подготвите два фила, од кои е едниот е полн со мелени лешници.

Целата подготовка трае околу 30-тина минути, но тортата ќе треба да отстои околу 12 часа во ладилник.
Следете ги чекорите.
Потребни состојки:
За основа:
- 300g бисквити;
- 120-150ml сок од цеден портокал (може да ставите и повеќе доколку сакате посилна арома на портокал, но внимавајте за да не добиете кисел вкус);
- 150g несолен путер;
- Неколку капки екстракт од ванила.
За првиот фил:
- 300g темно чоколадо;
- 300ml слатка павлака;
- 50g мелени сирови лешници;
За вториот фил:
- 250g млечно чоколадо (бело или црно по желба, може и со лешници);
- 200ml слатка павлака;
- 50 гр мелена плазма;
- 1 лажица изрендана кора од портокал.
Начин на подготовка:
- Путерот се топи во длабок сад на оган.
- Висквитите се мелат и се ставаат во длабок сад;
- Во нив се додава сокот од портокал, стопениот путер и ванилата и смесата се меша додека не се соедини;
- Се зема калап за торта и смесата се истура во него и се распоредува рамномерно по површината;
- За првиот фил потребно е да се стопи чоколадото на оган и се додава слатката павлака и мелените лешници;
- Целиот фил се меша и се додава врз основата;
- Торатата се става во ладилник и се оставете околу 2 часа да се излади и стегне;
- За вториот фил млечното чоколадо се топи и се додава слатка павлаката (доколку сакате побогат фил, може да користите млечно чоколадо со лешници);
- Се додава ренданата кора од портокал и плазма бисквити смесата се меша, па се распредува површината на тортата;
- Тортата треба да отстои во фрижидер најмалку 12 часа.

М. У. Т. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...