Десерт без печење готов за 10 минути – Брзи и шарени колачиња со путер од кикиритки
Ги обожаваме брзите и лесни рецепти кои се подготвуваат без многу мака и, што е најважно во лето, без вклучување на рерната.

Овие протеински колачиња со путер од кикиритки ќе ги обожаваат сите, а особено најмалечките поради шарената декорација. Секако, вие може да ги декорирате онака како што сакате, но дури и да ги оставите „најобични“ ветуваме дека вкусот е неверојатен.
Потребни состојки:
- 1+ ½ шолји кафеав шеќер (може и обичен бел шеќер)
- 6 лажици омекнат путер
- 6 лажици млеко (може да ставите и растително млеко, по вкус)
- ¾ шолја путер од кикиритки
- 2 + ¼ шолји крупни овесни снегулки
- Шарени бонбони за декорација (опционално)
Начин на подготовка:
- Во подлабок зад за готвење ставете го шеќерот, путер и млекото на средна температура. Мешајте додека путерот целосно не се растопи. Оставете ја смесата да врие точно 1 минута, а потоа тргнете ја од огнот.
- Во садот додадете во путерот од кикиритки и мешајте нежно додека смесата не стане мазна. Додадете ги и овесните снегулки и добро измешајте додека не добиете компактна смеса.
- Од смесата направете плоснати колачиња во кружна форма и додадете ги бонбоните или декорирајте со растопено чоколадо. Оставете ги колачињата добро да се стегнат.
- Колачињата може да ги чувате во добро затворена кутија до 3 дена, иако се сомневаме дека ќе имате резерви дотогаш.



(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...