Летна оброк-салата: Пченка со печени пиперки и ориз

Оваа салата во текот на летниот период можете да ја подготвите од свежи намирници, а совршено ќе ви дојде за деновите кога сакате да подготвите вкусен оброк без месо.

salata-shto-zamenuva-obrok-pchenka-so-pecheni-piperki-i-oriz-01.jpg

Пазарите во летниот период се преполни со свежи намирници, а ова е одличен предлог за оброк без месо што можете да го подготвите без да потрошите премногу време во кујната.

Состојки:

  • 100g зрна од пченка;
  • 100g ориз;
  • 3 црвени пиперки;
  • сол по вкус;
  • 4 лажици маслиново масло;
  • ½ врзоп магдонос;
  • Сок од половина лимон;
  • Една рака исечкани ореви.

Начин на подготовка:

  • Младата пченка се вари 10 до 15 минути, а откако ќе се свари се става под млаз студена вода и се процедува (може да користите и пченка од конзерва како замена);
  • Оризот се вари, а пиперките се печат, па се лупат и се сечат на коцкички (може да бидат и свежи по желба);
  • Сварениот ориз, пченката и пиперката се мешаат во длабок сад;
  • Сѐ се посолува, се додава магдонос, се полева со маслиново масло и со сок од лимон,
  • Се додаваат исечкани ореви и сѐ добро се меша;
  • Салатата се чува во ладилник пред послужување.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...

Најчитани неделава