Идеален за здрав појадок: Мармалад од модри сливи со чиа семе, готов за 15 минути
Додека голем број од мармаладите се прават со шеќери и конзерванси, оваа здрава верзија на мармалад од модри сливи се подготвува за 15-тина минути, а може да стои во фрижидер и до 1 месец.

Доколку сте од оние што сакаат здрав појадок наутро, ова е идеален рецепт за здрав мармалад што се подготвува мошне лесно, а не содржи вештачки шеќери, ниту пак конзерванси.
Можете да одвоите 15-тина минути за да го подготвите, а ќе имате здрав намаз во период од еден месец.
Како се подготвува овој мармалад?
Потребни состојки:
- 500g модри сливи;
- 100ml вода;
- 50g мед;
- 30g чиа семе;
- Сок од половина лимон;
- Малку цимет (по желба).
Начин на подготовка:
- Сливите се мијат, се сечат на половини и им се вадат семките;
- Исчистените сливи се ставаат во длабоко тенџере и им се додава 100ml вода, по што се оставаат да се варат на средна температура, во затворен сад околу 15-тина минути или додека не се стопат;
- Сливите се тргаат од оган и им се додава мед, чиа семе, сок од половина лимон и цимет по вкус и сите состојки убаво се мешаат;
- Готовиот мармалад се собира во тегла и во ладилник може да се чува до еден месец.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...