Брз појадок за гурмани: Тортиља со пржени јајца, сланина и намаз од авокадо
Доколку сте од оние што сакаат калоричен и хранлив појадок наутро, тогаш сигурно овој рецепт ќе ви се допадне. Брзо се подготвува, а можете да го спакувате и да го понесете на работа.

Иако се мошне популарни здравите појадоци, сепак сите понекогаш сакаме да уживаме во калоричен појадок со сланина и јајца, а овие тортиљи брзо ќе ви станат меѓу омилените.
Се подготвуваат за 15-тина минути, а ќе бидете најадени подолг период од денот.
Мора да напоменеме дека состојките што ги приложуваме се за една тортиља, така што за секоја наредна ќе треба да подготвите дополнителни состојки.
Потребни состојки:
- 1 јајце;
- Половина авокадо (испасирано со виљушка);
- Рендан чедар (Мили друг кашкавал);
- 3 тенки парчиња сланина;
- Сол и бибер по вкус;
- 1 лажица несолен путер;
- 1 тортиља.

Начин на подготовка:
- Парчињата сланина се пржат во тавче или во апарат за готвење со топол воздух;
- Јајцето се меша во сад и му се додава сол и бибер по вкус и се пржи како кајгана;
- Во сад се пасира половина авокадо и му се додава сол и бибер по вкус;
- Со нож се засекува делот помеѓу две четвртини најдолу на тортиљата и секоја четвртина се филува со различна состојка – по следниот распоред (во правец на стрелките на часовникот) рендан кашкавал, намаз од авокадо, пржена сланина и јајце;

- Тортиљата се превиткува од првата четвртина со јајцето, кон втората со сланината, па потоа уште еднаш врз намазот со авокадо и на крај врз ренданиот кашкавал;
- Се става во тавче со растопен путер и се потпекува од двете страни.


Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...