Предлог ручек за деновите кога не знаете што да готвите: Вкусен донер во домашни услови (видео)
Како да го подготвите месото за деновите кога сакате да подготвите вкусен домашен донер, за 10-тина минути?

Ова е рецепт за подготовка на месо за донер, што може да ви се најде во оние денови кога немате идеја што да готвите.
Можете да подготвите повеќе месо и подолго време да го чувате во замрзнувач, па по потреба да сечете и да подготвувате колку што ви е потребно.
Овој рецепт е идеален за оние денови кога се враќате уморни од работа, па за само половина час ќе успеете да подготвите брзи сендвичи за целото семејство или пак за викенд уживање.
Потребни состојки:
- 500g мелено месо;
- 1 кромид со средна големина;
- 2 мали чешниња лук;
- 1 голема лажица јогурт;
- 2 лажици брашно;
- 1,5 мала лажичка црвен пипер;
- 1 лажица мелен црн бибер;
- 1,5 лажица сол (или по вкус);
- ½ мала лажичка буковец;
- Путер за пржење.
Начин на подготовка:
- Кромидот се сече на помали парчиња и заедно со останатите состојки се става во процесор за храна додека смесата убаво не се соедини;
- Доколку немате процесор за храна, кромидот и лукот се рендаат и во длабок сад убаво се замесуваат заедно со другите состојки додека не се добие изедначена смеса;
- По ова смесата се распоредува во најлон фолија и се става околу 5-6 часа во обичен ладилник, а потоа се префрла во замрзнувач да отстои околу 1 ден;
- Следниот ден, месото се вади од замрзнувач и се остава да отстои околу 10-тина минути на собна температура, по што остар нож се сечат тенки парчиња. (Немојте да го сечете наеднаш целото месо, туку само онолку колку што собира во тавчето во едно пржење);
- Во тавче се става путер и се загрева на средна температура, а парчињата месо за донер се пржат околу половина минута од двете страни (Внимавајте да не ги препржите за да не бидат суви);
- Донерот се сервира во лепче со салата по ваш вкус.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...