Вкусен мезе-ручек: Потпечени полнети модри домати полнети со мелено месо и кашкавал
Традиционално мезе на модерен начин, кое изгледа впечатливо, а неодоливо вкусно и најадува како цел оброк.

Ретко кој помислува на модри домати за мезе или главен ручек, но во оваа комбинација навистина е неодоливо вкусно.
Наполнете ги модрите домати со смеса од мелено месо, кашкавал и други додатоци, запечете и имате вкусен ручек или мезе за пријателите.
Потребни состојки:
- 2 модри домати
- Малку маслиново масло
- 1 кромид
- 400g мелено месо
- Сол и бибер
- 120ml бело вино
- 3 лажици пармезан за смеса
- 3 лажици лебни трошки
- 200g моцарела или кашкавал по вкус
- 2 лажици доматен сос
- Пармезан за наросување
За доматниот сос:
- Маслиново масло
- 1 чешне лук
- 300ml доматно пире
- Босилек
- Сол
Начин на подготовка:
- Прво подгответе го доматниот сос. Во тавче ставете малку масло, додадете го лукот и малку запржете го да добие светла боја.
- Додадете го доматното пире, босилекот и солта и оставете 20 минути на тивка температура да се крчка.
- Во меѓувреме, пресечете ги доматите на половина по должина и извадете го средниот дел, а потоа намачкајте ги доматите со масло.
- Средината од доматите исечкајте ја на ситни коцки и тргнете ја настрана.
- Ставете малку масло во тавче, додадете кромид и запржете го. Потоа додадете го и месото, зачинете, а откако малку ќе се запржи додадете бело вино и оставете да се готви.
- Откако ќе го тргнете месото од оган, додадете пармезан, лебни трошки, кашкавал и 2 лажици од доматниот сос.
- Измешајте ја убаво смесата и наполнете ги модрите домати кои претходно ќе ги намачкате со доматниот сос.
- Наредете ги доматите во тава за печење каде претходно ќе го истурите остатокот од доматниот сос.
- Врз секој домат ставете по една лажица сос и пармезан.
- Печете 30 минути на 180 степени Целзиусови.
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...