Сендвич чизкејк со два реда бисквити и чоколадо, без печење
Чоколаден чизкејк со два слоја од бисквити како сендвич - не се пече и се прави многу лесно.

Чизкејк е еден од омилените десерти, но сите посакуваат кога би имало малку поголем слој од бисквити.
Ако и вие сте меѓу нив, тогаш оваа варијација на чизкејк ќе биде идеална за вас.
Набавете ги потребните намирници и подгответе си го овој вкусен „сендвич“.
Потребни состојки:
За прв слој бисквити:
- 250g бисквити
- 100g путер растопен
За чоколаден фил:
- 125g темно чоколадо, ситно сечкано
- 125g млечно чоколадо, ситно сечкано
- 200ml павлака/крем за готвење
За крем фил:
- 600g крем сирење
- 75g шеќер во прав
- 300ml павлака/крем за готвење
- 100g маршмелоус
За горен слој бисквити:
- 175g бисквити
- 75g путер
Начин на подготовка:
Постапката изгледа долго, но всушност е многу едноставна, проследете чекор по чекор, па изгледајте го видеото:
- Изблендирајте ги бисквитите најситно. Додадете стопен путер и уште малку блендирајте.
- Истурете ја смесата во плех врз хартија за печење и натапкајте ја со рамна површина.
- Ставете во фрижидер да се лади 1 час.
- Во сад ставете ги исечканите чоколади, додадете стоплена павлака за готвење и измешајте додека чоколадото не се растопи и соедини смесата.
- Тргнете мал дел од чоколадниот фил настрана за последната постапка, а поголемиот дел истурете го врз изладената подлога од бисквити и убаво размачкајте ја насекаде.
- Оставете да се излади 30 минути.
- Наредете маршмелоу во тава и ставете неколку минути во рерна додека не добијат златеста боја и малку се зголемат и стопат. Извадете ги и измешајте ги за растопената смеса да се соедини.
- Во сад ставете ги крем сирењето и шеќерот во прав и измиксирајте.
- Во друг сад измиксирајте го кремот за готвење и додадете го во смесата со крем сирењето и повторно миксирајте додека не се соедини.
- Потоа додадете го и растопеното маршмелоу и повторно измиксирајте додека да добиете мазна смеса.
- Истурете ја белата смеса врз чоколадниот слој на тортата, размачкајте убаво и оставете да се лади 4 часа.
- Одозгоре ставете од преостанатата смеса од чоколадо и премачкајте убаво, а најгоре истурете ги изблендираните бисквити и путер за горниот слој и натапкајте.
- Оставете да се лади 1 час и послужете.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус
За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...