Домашни брауни колачиња од кои тече чоколадо и путер од кикиритки

Највкусните чоколадни коцки, однадвор крцкави, а однатре со растопено чоколадо и путер од кикиритки. Се топат во уста и секогаш ќе сакате парче плус. 

domashni-brauni-kolachinja-od-koi-teche-chokolado-i-puter-od-kikiritki-01.jpg

Овој рецепт ќе го сакаат сите љубители на колачи од типот на топло-ладно. Однадвор крцкави, а однатре меки како душа, се топат во уста. 

Потребни состојки:

  • 500g путер од кикиритки
  • 420g темно чоколадо
  • 300g путер, стопен
  • 5 јајца
  • 1 лажица екстракт со ванила
  • 500g шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 70g брашно
  • 75g какао

Начин на подготовка:

  • Ставете го путерот од кикиритки 3 минути во микробранова и потоа истурете го во калапи за мафини.
  • Калапите со путер од кикиритки ставете ги во замрзнувач 2 часа.
  • Исечкајте го чоколадото и врз него истурете го стопениот путер. Измешајте додека смесата не се соедини.
  • Ставете ги јајцата во посебен сад, додадете екстракт од ванила и шеќер и измиксирајте ја смесата.
  • Во смесата со јајца додадете го чоколадниот фил и измешајте.
  • Додадете ги прашокот за печиво, брашното и какаото и измешајте додека да добиете мазна смеса.
  • Истурете дел од чоколадната смеса во плех на хартија за печење и размачкајте ја.
  • Врз неа распоредете ги мафините од путер од кикиритки, а одозгора премачкајте со преостанатото од чоколадната смеса.
  • Печете 30 минути на 180 степени Целзиусови и послужете исечено на коцки.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...

Најчитани неделава