Домашна лисната штрудла со фил од чоколаден крем и црвено овошје
Крцкава, лисната штрудла полнета со топол, чоколаден и овошен фил – звучи примамливо за претстојните есенски денови нели? Се прави за 20 минути.

Оваа пита-штрудла од лиснато тесто наликува на печиво од највкусната пекара, а може да си ја подготвите сами дома.
Се прави со готово лиснато тесто и готова е за 20 минути, а вкусот е неодолив.
Потребни состојки (за едно парче):
- Готово лиснато тесто
- Јагоди или друго црвено овошје (одмрзнато)
- Чоколаден крем со лешник
- Парчиња бадем
- Јајце за премачкување
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Отворете го тестото во правоаголник и намачкајте го кремот на средина, а одозгора ставете парчиња овошје.
- Двата странични дела потсечете ги во дијагонални ленти и превртете ги наизменично од двете страни врз филот (постапката погледнете ја во видеото).
- Ставете го парчето врз хартија за печење и премачкајте со изматена жолчка од јајце, а одозгора наросете парчиња бадем.
- Печете на 180 Целизиусови степени 15 минути.
- Наросете со шеќер во прав и послужете.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство
Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...