Хит рецепт за мезе: Зачинети ребра од пченка со сочен сос

На социјалните мрежи масовно се споделуваат рецепти за здрава брза храна, што можете и сами да ја подготвите, а зачинетите „ребра“ од пченка се меѓу најпопуларните.

hit-recept-za-meze-zachineti-rebra-od-pchenka-so-bel-sos-01.jpg

Пченката вообичаено ја јадеме варена, или потпечена, а овој рецепт ќе им се допадне на сите што сакаат да пробаат нешто ново и необично, а притоа да не се мачат со класјето.

Со оглед на тоа што парчињата пченка помалку се завиткуваат за време на печењето и наликуваат на печени ребра, јасно е од каде доаѓа името на рецептот, а истиот за кратко време стана вистински хит на ТикТок.

Потребни состојки:

За пченката:

  • 3 големи класа пченка;
  • 2 големи лажици масло;
  • 1 голема лажица кафеав шеќер;
  • 1 голема лажица црвен пипер;
  • ½ мала лажичка лук во прав;
  • прстофат сол;
  • мелен црн бибер (по вкус).

За сосот:

  • 4 големи лажици мајонез;
  • 200g сос за скара;
  • 2 големи лажици сенф;
  • 1 лажица мед.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 220 степени Целзиусови и во меѓувреме еден поголем плех се обложува со хартија за печење;
  • Во помал сад се мешаат кафеавиот шеќер, црвениот пипер, лукот во прав, сол и црн бибер и мешавината од зачини се осава настрана;
  • Со остар нож секој клас пченка прво се сече на половина по должина, а потоа на четвртини;

    Steps-for-cutting-corn-on-a-cob.jpg

  • Секое парче пченка се премачкува со масло и се зачинува со мешавината од зачини и се става на претходно подготвениот плех;
  • Зачинетата пченка се пече на температура од 220 степени Целзиусови околу 18 до 20 минути или додека да добие убава златно кафена боја, а парчињата се свиткани и наликуваат на потпечени ребра;
  • Додека се пече пченката се подготвува сосот. Во мал сад се мешаат мајонез, сос за скара, сенф и мед додека не се добие изедначена смеса;
  • Кога пченката ќе се извади од рерна, потребно е веднаш да се премачка со малку сос, а може да се сервира со зеленило.

hit-recept-za-meze-zachineti-rebra-od-pchenka-so-bel-sos-03.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...

Најчитани неделава