Мезе ручек: Домашни увијачи со шунка и кашкавал – прсти да излижете
Мини ролатчиња од месо полнети со кашкавал и шунка – идеално мезе за четворица, од кое прсти ќе излижете.

Љубителите на месо може да пробаат нов специјалитет во кујната – мини ролатчиња или увијачи.
Оригиналниот рецепт е со мисиркино месо, но може да одберете месо по желба – се прават лесно, а сите што ќе ги пробаат ќе ги обожаваат.
Потребни состојки:
- 4 парчиња мисиркини гради
- 8 големи парчиња кашкавал (количината зависи од големината на парчињата)
- 8 големи парчиња квалитетна шунка (количината зависи од големината на парчињата)
- 50ml бело вино
- 1 чешне лук
- Малку маслиново масло за пржење
- Малку брашно за увалкување
- Сол и бибер
- Малку вода
Начин на подготовка:
- Секое парче месо ставете го помеѓу два листа хартија за печење и „исчукајте“ го од средината кон краевите за да го истенчите.
- Пресечете ги на половина по должина градите и наредете ги на даска.
- На секое парче месо ставете по едно парче шунка, па кашкавал и замотајте ги во ролни.

- Прицврстете ги ролните со кујнски конец или со две чепкалки за заби на краевите.
- Извалкајте ги ролните во брашно.
- Во тава на масло ставете го лукчето додека да пушти мирис и вкус.
- Извадете го лукот, додадете ги ролните во тавата и неколку минути пржете ги од сите страни на висока температура.

- Зачинете ги со сол и бибер, а кога ќе добијат златно-кафеава боја додадете го виното и оставете да испари.
- Додадете малку вода и оставете да се готват на тивко, покриени со капак 30 минути, додека течноста не се апсорбира, а месото не стане меко.

- Послужете ги топли.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...