Хит рецепт: Воздушести перничиња од компир со крцкава кора (видео)
Крцкави од надвор, кремасти од внатре – брзите и лесни перничиња од компири ги освоија домаќинките на социјалните мрежи. Се подготвуваат брзо и лесно, а одлични се за викенд мезе.

Убавата текстура доаѓа заради оризовото брашно, а за покрцкава надворешност се додава нишесте.
Како да ги подготвите популарните воздушести перничиња од компир?
Потребни состојки:
- 300g компири;
- 2 големи лажици оризово брашно;
- 1 голема лажица нишесте;
- ½ лажица сол;
- ¼ лажица црн бибер;
- ¼ лажица црвен пипер;
- Масло за јадење (за пржење).
Начин на подготовка:
- Компирите се варат во тенџере, по што се оставаат во студена вода да се оладат;
- Изладените компири се лупат и се пасираат во подлабок сад;
- Се додаваат оризовото брашно, нишестето и зачините и со раце се замесува тесто од смесата;
- Тестото се формира во долга „змија“ која се дели на 11 парчиња со должина од околу 3cm;
- Парчињата се притискаат со виљушка од двете страни за да се добијат перничиња;
- Перничињата се пржат во добро загреано масло околу 3 до 5 минути или додека да добијат златно жолтеникава боја;
- Се редат на чинија обложена со салфетка;
- Готовите перничиња се зачинуваат со црвен пипер.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...