Најлесниот чоколаден колач – ви требаат само Нутела, брашно и јајца

Ако ви се јаде нешто благо или ви дојдат ненајавени гости, овој колач со само три состојки е одличен избор за десерт.

najlesniot-chokoladen-kolach-vi-trebaat-samo-nutela-brashno-i-jajca-001.jpg

Обично правењето торти и колачи одзема многу време. Покрај печењето, треба и да ја подготвите смесата, а потоа и да ги измиете многуте садови.

Но, подготовката на овој колач трае помалку од десет минути и единствено ќе треба да почекате 40-тина минути за да се испече.

Станува збор за едноставен чоколаден колач за кој ви се потребни само три состојки – Нутела, брашно и јајца.

Секако, наместо Нутела можете да ставите друг сличен чоколаден крем, а во смесата можете да додадете и исечкани јаткасти плодови.

Најдобро е чоколадниот крем да биде на собна температура, односно потечен, за полесно да го додадете во смесата.

Потребни состојки:

  • 400 гр. Нутела (или друг сличен чоколаден крем)
  • 4 големи јајца
  • 70 гр сенаменско брашно

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Добро изматете ги јајцата.
  • Додајте го чоколадниот крем и мешајте додека да се соединат состојките.
  • Додајте го брашното и повторно добро измешајте.
  • Ставете ја смесата во калап за торта (можете да искористите и калап за куглоф или длабока тава) и печете го колачот 40-тина минути на 180 степени.
  • Бидејќи времето на печење може да варира во зависност од рерната, проверувајте со чепкалка за заби дали колачот е испечен.
  • На крај, можете да го украсите колачот со шеќер во прав или со Нутела.

najlesniot-chokoladen-kolach-vi-trebaat-samo-nutela-brashno-i-jajca-02.jpg

najlesniot-chokoladen-kolach-vi-trebaat-samo-nutela-brashno-i-jajca-04.jpg

najlesniot-chokoladen-kolach-vi-trebaat-samo-nutela-brashno-i-jajca-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава