Палачинки од тиква – омилен десерт на сите кои внимаваат на исхраната и калориите
Пазарите се преполни со тиква, а освен печена и варена, можете да ја искористите за да си подготвите вкусен појадок или десерт како на пример здрави палачинки.

Ова е одличен рецепт за палачинки што не содржат глутен и вештачки шеќери, а се подготвени во целост со здрави состојки. Идеален појадок за сите што се на диета или што сакаат да водат здрав живот.
Од оваа смеса ќе добиете вкупно 6 палачинки, а се сервираат по 2 во порција.
Потребни состојки:
- 180g пире од тиква (пасирана варена тиква);
- 2 поголеми јајца;
- 160ml бадемово млеко (или млеко по ваш избор);
- 2 мали лажички екстракт од ванила;
- 1 голема лажица јаворов сируп;
- 120g овесни снегулки;
- 2 мали лажички прашок за печиво;
- 1 мала лажичка цимет;
- ¼ лажичка сол;
- Маслиново масло или путер (за печење).
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека да добиете целосно изедначена смеса (од 30 секунди до 1 минута);
- Тавчето се премачкува со маслиново масло или путер и се става да се загрее на средна температура;
- Кога ќе се загрее тавата со мала црпалка се става од смесата за да се добие палачинка со средна големина;
- Доколку смесата е премногу густа, со лажица може да се обликува палачинката додека е во тавчето;
- Палачинките се пржат од 2 до 4 минути од едната страна, односно додека да почнат да нараснуваат и да се формираат балончиња по краевите;
- По ова палачинките се превртуваат за да се испечат од другата страна. Ако забележите дека палачинките стануваат кафеави премногу брзо тогаш потребно е да ја намалите температурата.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...