Ќе барате уште едно парче: Брз ролат од банана и бисквити, што не се пече
Рецепт за брза и лесна торта од само неколку состојки, што ќе ја подготвите без никаква мака.

Ролатите со банани се едни од омилените, а овој ролат ќе го подготвите мошне брзо затоа што нема потреба од матење јајца и печење.
Се прави од готови состојки, што само ќе треба да ги склопите.
Потребни состојки:
- 500ml јогурт;
- 200g шеќер;
- 400g бисквити;
- 1 ќесичка ванилин шеќер;
- 2 банани;
- 1 шлаг пена;
- чоколадни трошки.
Начин на подготовка:
- Бисквитите се кршат на ситни парченца и се ставаат во длабок сад, па се додава шеќер, јогурт и ванилин шеќер и сите состојки се мешаат со лажица додека не добиете изедначено тесто;
- Се зема плех и се обложува со најлонска фолија и целата смеса се префрла во калапот, и се израмнува во форма на кора, па се става во ладилник за да се стегне;
- Се мати шлаг пената според упатството на пакетчето;
- По 1 час, тестото се вади од ладилник и со помош на најлон фолијата се вади од плехот и се префрла на работна површина;
- Се премачкува тестото со малку шлаг, а на средината се ставаат излупените банани една зад друга и се витка во форма на ролат (или се сечкаат на крукчиња и се распоредуваат по целото тесто);
- Готовиот ролат се декорира со шлаг пена и чоколадни трошки или со сечкани банани.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen
Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Совршено летно мезе - Крцкави тиквички потпечени во рерна, со сос од грчки јогурт
Тиквичките може да се подготват на десетици разни начини, но овие со лебни трошк...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...