Брз викенд десерт: Брауни колачиња со цели лешници
Готови се за половина час, а овие брауни колачиња брзо ќе ви станат омилен десерт. Можете да ги комбинирате со разни состојки, а не треба да бидете врвен слаткар за да ги подготвите.

Брауни колачињата може да стојат до 3 дена на собна температура. Имаат блага крцкава кора, а внатре се меки и сочни, идеални за послужување со кафе или чај.
Освен лешници можете да додадете и суво грозје или друг вид суво овошје и да добиете уште побогат вкус, а може да користите и зачини како цимет и ѓумбир или пак да додадете чоколадни трошки.
Потребни состојки:
- 250g темна чоколада за готвење;
- 160g шеќер;
- 2 јајца (со средна големина) и на собна температура;
- 20g какао во прав;
- 170g цели лешници;
- 150g путер;
- 90g брашно;
- Прстофат сол.
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 180 степени Целзиусови;
- Темната чоколада се топи во микровална или на пареа и се истура во подлабок сад за матење;
- Во друг сад се топи путерот и се додава на стопеното чоколадо, по што состојките се мешаат додека не се соединат;
- Во тавче на оган се ставаат лупените лешници за да се потпечат и се оставаат да се оладат;
- Во друг поголем сад за матење со миксер се матат јајцата со шеќерот додека не се добие густа смеса и на крај се додава прстофат сол;
- Изматените јајца и шеќер, се додаваат на мешавината од чоколада и стопен путер и сите состојки се мешаат со пластична шпатула додека да се соединат;
- Се додава брашно и какао и повторно смесата се мати со миксер;
- На крај се додаваат потпечените лешници и се мешаат со пластична шпатула;
- Смесата се префрла во плех обложен со хартија за печење и се порамнува со шпатула;
- Се пече на температура од 180 степени Целзиусови без вентилатор околу 25 минути;
- Колачите се вадат од рерна и се оставаат да се оладат во целост, а потоа се засекуваат на коцкички.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус
За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...