Редена торта со бисквити, полна со кремаст фил од ванила – се подготвува за 20 минути (видео)
Оваа торта ќе ве освои со кремастиот фил со вкус на ванила.

Редените торти со бисквити се меѓу омилените десерти затоа што лесно се подготвуваат и речиси и да не постои простор за грешка во приготвувањето.
Оваа торта, пак, ќе ве освои со кремастиот фил со вкус на ванила, а ќе добиете околу 12 парчиња десерт.
Потребни состојки:
- 500g пудинг од ванила (изладен);
- 200g бисквити (по можност темни и светли);
- 150g путер;
- 2 големи лажици шеќер во прав;
- Темна чоколада (за декорација).
Начин на подготовка:
- Најдобро е пудингот да го подготвите еден ден претходно;
- Многу е важно пудингот и путеррот да бидат на иста температура пред подготовката за да имате вкусен фил без грутки;
- Во сад се става шеќерот во прав и се додаваат неколку лажици путер и се мати додека да се добие мека смеса;
- Се додаваат неколку лажици изладен пудинг и се мати со миксер додека не се изедначи филот;
- Повторно се додава путер и се мати смесата со миксер, па пудинг и оваа постапка се повторува сѐ додека во целост не се потрошат пудингот и путерот;
- Се зема длабок плех за леб и се обложува со алуминумска фолија;
- Се ред еден ред бисквити со посветла боја, па врз нив се распоредуваат 4 лажици од филот;
- Се става нов ред од потемни бисквити и врз него повторно се рапоредуваат 4 лажици фил;
- Постапката се повторува сѐ додека не се потрошат состојките, а последниот слој треба да биде од фил;
- Тортата се декорира со мелени бисквити и рендана темна чоколада;
- Најдобро е да се покрие со проѕирна фолија и да се остави во ладилник преку ноќ, или најмалку 4 часа.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...