Мафини, печена риба и уште 2 рецепти за посната трпеза на Св. Никола
Ако сѐ уште размислувате што да подготвите за вашата посна трпеза овие рецепти секако ќе ви бидат добредојдени.
Можете да подготвите нешто малку поинакво, како мафини со маслинки, што совршено ќе се вклопат со главното јадење.
За главно јадење ви даваме предлог за ослич со пченкарно брашно, што нема да плива во масло затоа што е печен и секако со него совршено оди традиционалната компир салата.
За десерт овојпат ви даваме предлог за сочни бомбици со сок од портокал и чоколаден прелив.
Мафини со маслинки
Потребни состојки:
- 10ml маслиново масло;
- 60ml сок од портокал;
- 350g брашно;
- 120g исчистени и исечкани маслинки;
- 1 рамна лажичка сода бикарбона;
- 1 лажица прашок за печиво;
- 1 лажица сушено нане;
- 1 мал кромид (ситно исечкан);
- црн бибер
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 160 степени Целзиусови;
- Во длабок сад се става брашното и прашокот за печиво;
- Во друг сад се става маслиновото масло;
- Сода бикарбоната се раствора во длабока чаша во сокот од портокал со лажица ( треба да внимавате и да користите подлабок сад затоа што содата и сокот прават реакција);
- Откако ќе се соединат содата и содата се додаваат во садот со маслиново масло и сите состојки се мешаат со метална жица;
- Се додава половина од брашното, и се меша со жица додека не се направи паста;
- Се додаваат маслинките, кромидот, нането и црниот бибер;
- Се додава остатокот од брашното (без 2 големи лажици) и смесата се меша додека не се изедначи;
- Готовата смеса се распоредува во претходно подготвен калап за (12) мафини и се печат на температура од 160 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути;
- Оставете ги да се оладат околу 10 минути и потоа можете да ги сервирате.
Ослич од рерна со пченкарно брашно
Потребни состојки:
- 1kg смрзнат ослич;
- 120ml масло;
- 2 мали лажички сол;
- 1 мала лажичка зачин за риба;
- 70g пченкарно брашно;
- 1 мала лажичка црвен пипер
Начин на подготовка:
- Рибата се остава да се одмрзне неколку часа или преку ноќ;
- Се чистат крлушките и парчињата се сечат на филети или на подебели парчиња што се засекуваат со ноже;
- Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови;
- Во подлабок сад се мешаат пченкарното брашно, солта, црвениот пипер и сувиот зачин;
- На дното на плехот се става околу 100ml масло (колку да се покрие дното) и плехот се става во рерната да се загрее;
- Секое парче риба се валка во мешавината од брашното и зачините, па потоа се редат на плехот, а на крај рибата се попрскува со малку масло (околу 20ml)<
- Рибата се пече во загреана рерна на температура од 180 степени Целзиусови околу 15 минути;
- Плехот се вади од рерна, се превртуваат парчињата риба, па се печат уште 15-тина минути, или додека да добијат златно кафеава боја.
-->
-->
Уште два рецепти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости
Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пре...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица
Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња?
...

Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни
Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат
Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за маф...
-->