4 рецепти за салати - совршено декорирани за божиќната трпеза (видео)

Лампион од крем салата со зрна калинка

Потребни состојки:

  • 220g крем сирење;
  • 120g чедар (рендан);
  • 50g пекан ореви (ситно исечкани);
  • 1 млад кромид (ситно исечкан);
  • ¼ голема лажица сол;
  • Семки од една калинка.

Начин на подготовка:

  • Крем сирењето, чедарот, сечканите ореви и кромидот се ставаат во длабок сад, се посолуваат и се мешаат за да се добие голем лампион во форма на топка;
  • Топката се валка во чинија со зрна од калинка за да се декорира;
  • Лампионот се сервира во голема чинија со солени крекери.

Видео упатство:

Венче од крем салата

Потребни состојки:

  • 440g крем сирење;
  • 120g рендан чедар;
  • 120g рендан пармезан;
  • 1 голема пиперка (ситно исечкана);
  • 2 млади кромитчиња (ситно исечкани);
  • ½ мала лажичка лук во прав;
  • Ситно исечкан магдонос;
  • 10 маслинки и сечкани домати за декорација.

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се ставаат сирењето, кашкавалот, пиперката, кромидот, зачинот и солта;
  • Сите состојки се мешаат додека да се добие крем салата;
  • Се зема калап за куглоф и се обложува со проѕирна фолија и во неа се става салатата;
  • Куглофот се покрива со чинија и се става во ладилник да стои од 4 до 8 часа;
  • Салатата се префрла во стаклена чинија, па се декорира со магдонос, маслинки и сечкани домати.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава