4 рецепти за салати - совршено декорирани за божиќната трпеза (видео)
Секоја празнична трпеза на себе задолжително има салата. Без разлика дали сакате лесна зеленчукова салата или крем салати, овие рецепти и идеи за декорација ќе ви бидат добредојдени.

Како да направите венче од зелена салата со рукола, или да направите мини елки од пилешка салата?
Во продолжение издвојуваме четири рецепти за салати што сигурно ќе ви се најдат за празничната трпеза и кои би можеле да ви послужат како инспирација за декорација.
Венче од рукола и шери домати
Потребни состојки:
- 2 врзопи свежа рукола;
- 10-тина шери домати;
- 10-тина топчиња моцарела;
- 1 голема лажица маслиново масло;
- 1 мала лажица сол;
- 1 голема лажица балсамико оцет.
Начин на подготовка:
- Во поголема чинија и руколата се распоредува во форма на венче, а шери доматите откако ќе се измијат, заедно со топчињата моцарела се распоредуваат во форма на лампиони;
- На добиеното венче му се става маслиново масло, сол и балсамико оцет.
Видео упатство:
Мини елки од пилешка салата
Потребни состојки:
- 300g пилешко филе (сварено и ситно исечкано);
- 500g шампињони (испржени);
- 100g мелени ореви;
- 1 чешне лук (ситно исечкано);
- ситно исечкан копар;
- 200g павлака;
- 100g мајонез;
- сол по вкус;
- неколку зрнца од калинка.
Начин на подготовка:
- Сите состојки (освен копарот) се ставаат во длабок сад и се мешаат за да се добие пилешка салата;
- Се зема една лажица салата и се обликува во форма на мини елка, а потоа се валка во исечкан копар и на врвот ѝ се става по едно зрнце калинка за декорација.
Видео упатство:
Уште два рецепти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...