4 рецепти за салати - совршено декорирани за божиќната трпеза (видео)
Лампион од крем салата со зрна калинка
Потребни состојки:
- 220g крем сирење;
- 120g чедар (рендан);
- 50g пекан ореви (ситно исечкани);
- 1 млад кромид (ситно исечкан);
- ¼ голема лажица сол;
- Семки од една калинка.
Начин на подготовка:
- Крем сирењето, чедарот, сечканите ореви и кромидот се ставаат во длабок сад, се посолуваат и се мешаат за да се добие голем лампион во форма на топка;
- Топката се валка во чинија со зрна од калинка за да се декорира;
- Лампионот се сервира во голема чинија со солени крекери.
Видео упатство:
Венче од крем салата
Потребни состојки:
- 440g крем сирење;
- 120g рендан чедар;
- 120g рендан пармезан;
- 1 голема пиперка (ситно исечкана);
- 2 млади кромитчиња (ситно исечкани);
- ½ мала лажичка лук во прав;
- Ситно исечкан магдонос;
- 10 маслинки и сечкани домати за декорација.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се ставаат сирењето, кашкавалот, пиперката, кромидот, зачинот и солта;
- Сите состојки се мешаат додека да се добие крем салата;
- Се зема калап за куглоф и се обложува со проѕирна фолија и во неа се става салатата;
- Куглофот се покрива со чинија и се става во ладилник да стои од 4 до 8 часа;
- Салатата се префрла во стаклена чинија, па се декорира со магдонос, маслинки и сечкани домати.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...