Посна пита со печурки со готови кори за бадниковата трпеза (чекор по чекор постапка)

Освен традиционалното лепче со паричка, гравче, сарма и риба, трпезата можете да ја збогатите и со оваа пита со печурки што се подготвува со готови кори, а која нема да ви одземе премногу време.

posna-pita-so-pechurki-za-badnikovata-trpeza-chekor-po-chekor-postapka-01.jpg

Бадник е денот кога домот мириса на вкусни јадења и кога целото семејство се подготвува за вечерата на која традиционално се крши лепчето со паричка, а годинава трпезата можете да ја збогатите и со вкусна пита со печурки.

Потребни состојки:

  • 500g готови кори за пита;
  • 120ml маслиново масло (или сончогледово масло);
  • 1kg свежи печурки (ситно исечкани);
  • 3 главици кромид (ситно исечкани);
  • 1 чешне лук (ситно исечкано);
  • 1 домат (ситно исечкан);
  • 1 лажичка сол;
  • ½ лажичка црн бибер;
  • 1 лажица буковец;
  • 220g ситно исечкани ореви;
  • 2 големи лажици сусам;
  • Гранче исечкан магдонос.

Начин на подготовка:

  • Во длабока тава за пржење се ставаат 2 лажици масло да се загрее и во него се ставаат исечканите и исчистени печурки да се испржат;
  • Се додава исечканиот кромид и лук и се пропржува заедно со печурките околу 3 до 4 минути, а потоа се додава исечканиот домат и смесата се зачинува со сол, црн бибер и буковец;
  • Филот се пржи 5 до 10 минути на средна температура, односно додека не испари целата течност, а потоа се остава малку да се олади и се додава малку исечкан магдонос;
  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Се зема подлабок плех и се премачкува со масло, а од готовите кори тргаме 3 кори настрана и ги сечеме во форма на круг според големината на плехот за печење;
  • Секоја од корите се премачкува со малку масло и се става во длабокиот плех за печење, како на сликата:

    posna-pita-so-pechurki-za-badnikovata-trpeza-chekor-po-chekor-postapka-02.jpg

  • Кога ќе се потрошат сите кори, се става готовиот фил со печурки;
  • Печурките се покриваат со трите преостанати кори, што ги одвоивме на почетокот. Секоја од корите се премачкува со малку масло и се става врз филот, а деловите што штрчат од плехот се превиткуваат во краевите;

    posna-pita-so-pechurki-za-badnikovata-trpeza-chekor-po-chekor-postapka-03.jpg

  • Питата се премачкува со малку масло, се попрскува со вода и со сусам и се става да се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 1 час или додека не добие убава златно кафеава боја.

posna-pita-so-pechurki-za-badnikovata-trpeza-chekor-po-chekor-postapka-povekje-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пит...

Најчитани неделава