Викенд десерт: Чоколадни бомбици со вишни

Вкусот на вишна и чоколада совршено се надополнуваат, а овие бомбици брзо ќе ви станат меѓу омилените брзи десерти.

vikend-desert-chokoladni-bombici-so-vishni-01.jpg

Овие бомбици се одлични ако се подготвувате за слава или именден, а можете да ги подготвите и како десерт за цела недела.

Постапката за подготовка е речиси идентична со подготовката на останатите колачи за слава и именден, со таа разлика што овие бомбици во средината имаат по една вишна.

Не се печат и не се матат, а по нивната подготовка нема да ви остане полн мијалник со садови.

Потребни состојки:

  • 300ml вода;
  • 400g шеќер;
  • 250g маргарин;
  • 350g мелени ореви;
  • 200g мелени бисквити;
  • 8 ситно издрбени розен кори;
  • 1 ќесе замрзнати вишни;
  • 250g чоколада за готвење;
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  • Во тенџере се ставаат водата и шеќерот и се варат на средна температура со повремено мешање, а кога ќе зоврие водата, се остава да врие уште 3 минути и се гаси ринглата;
  • Во водата се додава маргаринот исечкан на коцкички и се меша со шпатула додека не се стопи во целост;
  • Смесата се трга од рингла, па се додаваат мелените ореви, бисквити и издробените розен кори и смесата се меша додека не се соедини, по што се остава да се олади;
  • Од готовата смеса се формираат бомбици, а во средината на секоја од нив се става по една претходно исцедена вишна;
  • Готовите бомбици се редат на плех, а потоа се оставаат во алдилник за да се стегнат;
  • Чоколадата се топи на пареа и ѝ се додаваат 5 лажици масло за јадење, па со оваа глазура се прелеваат бомбиците и се оставаат да се стегнат. Дополнително можете да ги декорирате со мелени ореви или со други декорации за колачи.

 vikend-desert-chokoladni-bombici-so-vishni-02.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg