Ручек за гурмани: Сочни ќофтиња потопени во сос од домати и моцарела
Предлагаме вкусен и сочен ручек за љубителите на месо во сос со растопена моцарела или кашкавал. Звучи примамливо нели? Нема да ви биде доста една порција...

Ако и вас ви се пријаде веднаш штом ја видовте фотографијата, не се двоумете да си го направите овој сочен викенд ручек.
Се подготвува многу лесно и брзо, а никој нема да одолее на вкусот и сите ќе бараат уште.
Доколку е потребно, зголемете ја дозата.
Потребни состојки:
- 600g мелено свинско месо
- 500g доматен сос
- 180g исцедена моцарела
- 30g лебни трошки
- 30g рендан пармезан
- 2 лажици свеж босилек, исечкан ситно
- 1 лажица свежо или суво оригано, исечкано
- 1 јајце
- Масло за пржење
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
- Во голем сад измешајте ги месото, лебните трошки, јајцето кое претходно ќе го изматите, пармезанот и зачините.
- Од смесата направете и обликувајте 12 топчиња.
- На тава загрејте малку масло, па испржете ги ќофтињата додека не добијат златно-кафеава боја од сите страни, околу 5 минути.
- Додадете го доматниот сос и кратко гответе додека не се загрее, а потоа ставете ја и моцарелата на парчиња.
- Ставете ја тавата во загреана рерна и печете 15-20 минути, додека моцарелата не се запече.
- Доколку немате тава соодветна и за пржење и за печење, пред да ставите на печење, префрлете ги во соодветен плех.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...