Потпечена брокула со растопен кашкавал – рецепт за здраво и вкусно предјадење

Дури и да не сте љубител на брокула, овој рецепт сигурно ќе сакате да го пробате – се прави брзо и лесно, вкусен е и сочен и ќе посакате да го имате со секој ручек.

potpechena-brokula-so-rastopen-kashkaval-recept-za-zdravo-i-vkusno-predjadenje-01.jpg

Брокулата е полна со хранливи влакна, витамини и минерали, нема многу калории, а може да ја додадете во исхраната на многу начини.

Сигурни сме дека овој рецепт за запечена брокула со кашкавал ќе ви стане омилен уште веднаш кога ќе го пробате.

Ќе имате вкусно и сочно, а истовремено и здраво предјадење.

Потребни состојки:

  • 200g рендан кашкавал
  • 2-3 помали главици брокула
  • 1 лажица лук во прав
  • Сол и бибер по вкус
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 190°С.
  • Измијте ја брокулата и исечкајте ја на помали цветови.
  • Ставете ја брокулата во сад, прелијте многу малку масло, ставете ги зачините и измешајте.
  • Наредете ја брокулата на тава за печење и преку неа ставете рендан кашкавал.
  • Печете 25 минути, додека брокулата не се запече, а кашкавалот не се растопи и подзапече.
  • Послужете топло како предјадење.

potpechena-brokula-so-rastopen-kashkaval-recept-za-zdravo-i-vkusno-predjadenje-02.jpg

potpechena-brokula-so-rastopen-kashkaval-recept-za-zdravo-i-vkusno-predjadenje-03.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава