Потпечени шпагети „милион долари“ – омилениот брз рецепт за ручек на социјалните мрежи (видео)

Речиси и да не постои човек што не сака тестенини, а овој рецепт за потпечени шпагети со мелено месо од кои тече кашкавал е омилен на социјалните мрежи. Рецептот е идеален за оние денови кога веќе и сами не знаете што да зготвите.

potpecheni-shpageti-milion-dolari-omileniot-brz-recept-za-ruchek-na-socijalnite-mrezhi-video-01.jpg

Потпечените шпагети што уште се нарекуваат „Милион долари“ се хит на социјалните мрежи, а сите се сложни дека овој е еден од најдобрите рецепти за брз ручек што досега го виделе.

Идеални се за подготовка по долгиот и напорен ден на работа, а на сите ќе им се допадне комбинацијата од шпагети, мелено месо, сос и растечен кашкавал.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 500g мелено јунешко месо;
  • 1 кромид, ситно исечкан;
  • 1 пиперка;
  • 1 лажичка лук во прав:
  • неколку чешниња лук (3-4);
  • 1 пакетче шпагети;
  • 1 конзерва сос од домати;
  • 2 лажици путер;
  • 500ml густа павлака;
  • 180g рендан пармезан;
  • 450g моцарела;
  • 1 лажичка сол;
  • ½ лажичка црн бибер.

Начин на подготовка:

  • Шпагетите се варат според упатството на опаковката;
  • Во друго тенџере на малку масло се динста кромидот, меленото месо и зачините;
  • Кога месото ќе се пропржи се додава сосот од домати и сосот се динста уште 15-тина минути на тивок оган;
  • Се зема уште едно тенџере и во него се става путер, неколку чешниња лук и се меша, па потоа се додава павлака, половина од пармезанот, сол и бибер и се вари на средна температура, додека сирењето да се стопи и да добиете сос;
  • Процедените шпагети се ставаат во сосот од павлака и пармезан и се мешаат;
  • Во огноотпорно тавче се ставаат шпагетите со сос, па се прелеваат со сос од домати и најгоре се распоредува моцарела и пармезан;
  • Шпагетите се печат во рерна на температура од 180 степени Целзиусови околу 20-тина минути.

Видео упатство:

@whatsmomcookin Viral tiktok pasta, million dollar spaghetti. Whatever you call it, you can call it delicious! #viral #pasta #yummy #dinner #familydinner #winterrecipe #whatsmomcookin #food #cooking #winter #ReadySetLift ♬ Cooking - Oleg Kirilkov

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...

Најчитани неделава