Свежа пролетна салата со авокадо и ротквици
Со доаѓањето на пролетта и свежите салати, изборот на здрава и вкусна салата е неограничен. Овојпат ви препорачуваме витаминска салата со авокадо и ротквици што се подготвува брзо.

Салатата од авокадо и ротквици е со богат вкус, па дури и да ја јадете без никаков додаток, може да ве засити.
Уште поважно е што се подготвува многу брзо.
Потребни состојки:
За салата:
- 2 ротквици (исечкани на кругчиња);
- 75g грашок (со малку сладок вкус - одмрзнат грашок или бланширан свеж грашок);
- 150g Фета сирење (издробено);
- 50g пржени ф'стаци и печен наут;
- 1/4 авокадо за богат и кремаст вкус;
- Свежи билки по вкус (може и од кесичка) – рукола, зелена салата, босилек, нане, власец.
За прелив:
- 1 голема лажица сок од лимон;
- 1 голема лажица бел вински оцет;
- 2 лажици маслиново масло;
- 1/4 голема лажица сол.
Начин на подготовка:
- Ротквиците, авокадото и фета сирењето се сечкаат и се ставаат во длабок сад;
- Свежите билки не се сечкаат туку се кинат со рака;
- Во садот се додаваат и останатите состојки: наутот и ф’стаците, па грашокот;
- Во друг помал сад се меша прелив од сок од лимон, масло, маслиново масло и сол и салатата се прелева со него.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера
Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници
Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче
Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...