Не треба секое овошје и зеленчук да го чувате во фрижидер

Некогаш од брзање, некогаш поради незнаење може да погрешите во чувањето на овошјето и зеленчукот во текот на летото. Треба да знаете како да ги складирате и чувате, бидејќи некои од нив не треба воопшто да се чуваат во фрижидер.

ne-treba-sekoe-ovosje-i-zelencuk-da-go-cuvate-vo-frizider-01

1. Доматите се чуваат на собна температура

Многумина прават вообичаена грешка со тоа што доматите ги чуваат во фрижидер. Најмногу корисни својства и најдобриот вкус се извлекува од нив ако ги ставите на собна температура.

2. Одвојте го компирот од кромидот

Иако и двата плода се чуваат на ист начин на темно место во хартиена кеса или вреќичка. Кромидот е познат по тоа што знае да впие влага, поради што и компирот може да ви се расипе.

3. Јаболка во пластичен сад

Сезонските јаболка ќе ви траат подолго, дури и неколку недели ако ги ставите во пластичен сад или пластична кеса, па дури потоа во фрижидерот.

4. Свежи зачини

Во пластични вреќички цврсто затворете ги свежите билки како магдонос, темјан, рузмарин, нане. Од друга страна, босилекот не треба да го ставате во фрижидер бидејќи ќе почне да потемнува.

Наместо тоа, неговите стебленца ставете ги потопени во чаша вода и покријте ги со поголема пластична чаша која нема да ги допира. На тој начин ќе му ја одржите свежината за барем една недела повеќе.

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава