Храна богата со јаглехидрати која ќе ви помогне да ослабете

Диетите главно се базираат на тоа да се избегнува храната богата со јаглехидрати, што е сосема погрешно.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-01.jpg

Постојат најмалку 6 намирници, како пуканки и компир, кои содржат јаглехидрати, а се неверојатно здрави.

Тоа значи дека со овие намирници сигурно ќе изгубите некој килограм:

1. Јачмен

Варениот јачмен позитивно влијае на бактериите во желудникот, односно на тој начин ја забрзува работата на метаболизмот. Научниците открија дека варениот јачмен е одличен начин да останете сити подолго време.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-02.jpg


2. Пуканки

Поголем број на луѓе чувствуваат помалку глад кога грицкаат пуканки, отколку кога грицкаат чипс. А со пуканките внесувате значително помал број на калории.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-03.jpg


3. Печена леблебија

Ако сакате брз и крцкав оброк, леблебиите треба да ви бидат први на листата. Полни се со здрави влакна и протеини, покрај кои губењето на килограми е многу полесно.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-04.jpg


4. Сладок компир

Еден сладок компир со средна големина содржи 27 грама јаглехидрати, но и голема количина адипонектин - хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта и ја поттикнува работата на метаболизмот. Слаткиот компир е ослободен од масти и има многу помалку калории отколку обичниот.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-05.jpg


5. Житарки од цело зрно

Научно е докажано дека мажите и жените кои консумираат житарки од цело зрно за појадок имаат значително помала тежина и помалку сало во пределот на стомакот.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-06.jpg


6. Киноа

Оваа житарка се уште не е доволно позната, но содржи 2 пати повеќе влакна отколку било кои други житарки. Влакната се добри затоа што се раствораат многу бавно во организмот, заради што одржуваат баланс на шеќерот во крвта. Плус, киноата не содржи глутен.

hrana-bogata-so-jaglehidrati-koja-ke-vi-pomogne-da-izgubite-nekoj-kilogram-07.jpg

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
6 намирници што не треба да ги чувате во фрижидер (ќе се расипат побрзо) Поради влагата, компирите, но и кромидот, можат да скапат во фрижидер, па затоа ...

Најчитани неделава