Каков тип на стомак имате? Препознајте го и откријте како да се ослободите од него

Стомакот е пределот од телото на кој најмногу се насобираат масните наслаги. Ако не сте дел од оние „среќници“ кои имаат рамен стомак тогаш проверете на кој од овие пет видови на стомаци припаѓа вашиот и обидете се да ги скратите лошите навики кои влијаат на неговиот изглед.

kakov-tip-na-stomak-ste-prepoznajte-go-i-naucete-se-kako-da-go-namalite-01.jpg


1. Стомак „Резервна гума“

Луѓето кои го поседуваат овој тип на стомак денот го минуваат претежно во седечка положба. Ако имате ваков тип на стомак најверојатно работите канцелариска работа и дома преферирате слободното време да го минувате на двоседот. Постои веројатност и да имате емотивна врзаност за храната и алкохолот.

Типични лоши навики на овој тип се: малку вежбање; многу седење; јадење јаглехидрати од продукти како што се белиот леб, пастата и оризот и редовното консумирање на алкохол.

За да се ослободите од масните наслаги и да го зацврстите стомакот неопходно е да ја намалите количината на внесен алкохол. Алкохолот во вашиот организам се претвора во шеќер и го спречува варењето на останатите намирници се додека организмот не е целосно ослободен од него. Избегнувајте ниско калорични „диетални“ ужинки. Јадете свежи намирници како риба, јајца и зеленчук. Обидете се да се движите почесто. Ако работите канцелариска работа, автомобилот паркирајте го подалеку од работното место. Така ќе можете малку да испешачите пред да пристигнете на работа. Вежбајте почесто. Ова не значи дека треба веднаш да започнете со напорни и долготрајни тренинзи. Вежбајте чучнувања, склекови или по неколку стомачни секој ден.


2. Стрес стомак

Вие сте перфекционист која тежнее кон големи достигнувања. Најчесто може да имате и пореметување на работата на цревата кое предизвикува дуење. Тежината типично се концентрира на предниот долен дел на стомакот. Овој тип на стомак на допир е тврд.

Типични лоши навики на овој тип се: пропуштање на оброци, консумирање на големи количини на кофеин и јадење брза храна.

Обидете се да легнувате порано и да спиете повеќе. Спиењето влијае на производството на хормонот лептин кој ги регулира апетитот и метаболизмот. Научете се да се опуштите. Обидете се да практикувате вежби со дишење, медитација и подолги купки кои ќе ви помогнат во добивањето на квалитетен сон. Намалете ја количината на внесен кофеин.


3. Спуштен стомак

Овој тип на стомак најчесто го имаат вработените мајки кои имаат напорна работа исполнета со многубројни предизвици. Овие личности може да бидат зависни од теретаната, но се држат до едната иста рутина на вежбање и начин на исхранување. Оваа рутина ги прави витка личност, но ги остава со мал дел од стомакот кој „пропаѓа“ надоле.

Типична лоша навика на овој тип е: Напорно вежбање и правење на многубројни стомачни кои ги оптоваруваат флексорите на стомакот и долниот дел на грбот. Како резултат на тоа долниот дел од стомачните мускули слабее и излегува нанапред, давајќи го типичниот изглед на стомак кој „штрчи“.

Здравата исхрана и големата количина на влакна се есенцијални за подобрување на дигестивната состојба кај овој тип, за да не се предизвика додатно дуење на стомакот. Зелените зеленчуци и намирниците богати со влакна се идеални за овој стомачен тип. Престанете со вежбање на стомачните мускули и преминете на изометрични вежби кои служат за зајакнување на мускулите. Легнете со лицето свртено кон подот и подигнете се на тој начин што ќе се навалите на вашите лакти и прстите од нозете. Стојте во оваа исправена положба од неколку секунди до минута време.


4. Мајчин стомак

Овој тип на стомак е карактеристичен за жените кои штотуку родиле и имаат многу малку време кое можат да си го посветат на себе си.

Типичните лоши навики кои ги имаат мајките во оваа фаза се: Брзо враќање кон напорни вежби и оптоварување на организмот. Имаат засилено незадоволство предизвикано од моменталниот изглед.

Дајте си време за враќање на телото во нормална состојба. Внесувајте поголеми количини на омега-3 и омега-6 масни киселини. Консумирајте јаткасти плодови секој ден. Овие намирници покрај тоа што ќе ви помогнат во губењето на непожелните масни наслаги ќе ви помогнат и при абсорпцијата на витамините од храната и намалувањето на заморот. Практикувајте ги кегеловите вежби бидејќи, тие ќе ви помогнат во зајакнување на стомачните мускули од внатрешноста кон надворешноста. Вежбајте ги 15 до 20 пати во 5 серии на ден. Воздржете се од стомачни вежби затоа што, мускулите наречени linea alba кои се наоѓаат на средината на стомачната празнина се уште се слаби и одвоени од раѓањето. Со стомачните вежби може да предизвикате само натамошно одвојување на овие мускули.


5. Надуен стомак

Овој тип на стомак во раните утрински часови пред појадокот и првата шолја кафе е рамен, а потоа брзо се дуе како резултат на насобраните гасови и намалената способност за варење на храната. Речиси во сите случаеви овој тип на стомак е како резултат на нетолеранција на одредени намирници и причинување на алергиски реакции.

Главна лоша навика на луѓето со овој тип на стомак е: Консумирање храна на која можеби сте, а можеби и не сте свесни дека сте нетолерантни.

Нетолеранција најчесто се развива на јаглехидратите и храната богата со глутен. Клучно тука е да се обидете да експериментирате и некој период да ги тргнете некои од намирниците кои ги консумирате дневно. Доколку забележите позитивни промени во изгледот на вашиот стомак, тогаш најдобро е овие намирници целосно да ги исфрлите од исхраната. Појадокот треба да ви биде најобилен. Надуениот стомак може да биде резултат и на оштетување на цревната микрофлора. Пробајте почесто да консумирате пробиотски додатоци и пивски квасец кои ќе ги вратат добрите бактерии во вашиот стомак.

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg