Корисни трикови: Како никогаш повеќе да не фрлате храна?

Иако има некои кои не ги засега овој проблем, сепак поголем дел од луѓето не сакаат да ја фрлаат вишокот храна која ќе им остане.

korisni-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-frlaat-hrana-01.jpg

Доколку не го почитувате фрлањето на храна, но сепак, не знаете што да правите со неа, постојат начини да ја „спасите“.

Наместо да одите да купувате нови јадења, искористете ги старите и дајте им нов живот.

Трикови и совети кои ќе ви бидат од корист во такви ситуации:

Направете колачиња од кашата за појадок

Кашата која ќе ја подготвите за појадок во поголеми количини, не останува иста ако ја оставите неколку часа.

Па, ако не ги испланирате порциите добро и ви остане вишок, не ја фрлајте.

Додадете млеко, јајце, маслиново масло, шумско овошје, сол и шеќер по вкус и малку чоколадо. Од смесата испечете колачиња со облик по ваш избор.

korisni-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-frlaat-hrana-02.jpg

Додадете ги останатите печурки и зеленчуци во супа

Ако имате печурки кои ви стојат подолг период и мислите дека нема да издржат, измешајте ги заедно со морков, кромид, компир и други зеленчуци и зачини по избор и направете супа.

korisni-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-frlaat-hrana-03.jpg

Од сувиот леб направете печени грисини

Наместо да го фрлате стариот и сув леб, зачинете го по желба и запржете го во малку зејтин, ќе добиете вкусни грисини.

korisni-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-frlaat-hrana-04.jpg

Остатоците од кремот претворете ги во чоколаден пијалак

Кога во теглата ќе остане крем на краевите што не може да го искористите, не значи дека треба да го фрлите. Ако не може да се намачка на леб, може да се направи пијалак.

Истурете топло млеко во теглата, по желба може да додадете и малку какао, измешајте добро и истурете во чаша, а одозгора декорирајте со шлаг.

korisni-trikovi-za-onie-koi-ne-sakaat-da-frlaat-hrana-05.jpg

Уште 5 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава