Намирници кои го намалуваат мирисот на кромид во устата

Никој не сака да се лиши од вкусните парчиња кромид во свежата салата, но непријатниот здив потоа честопати знае да ве предомисли.

hrana-koja-ke-go-namali-mirisot-na-kromid-vo-ustata-001.jpg

За да не чепкате по чинијата тргајќи ги парчињата кромид, откако ќе се најадете, напијте се или каснете нешто од следнава листа:

1. Зелен чај

Богат со полифенол, антиоксиданс кој го спречува развојот на бактерии во устата.

2. Свежи зачини

Одличен избор се ливчињата магдонос, ментол, копар, босилек или рузмарин. Со нивно џвакање инстантно го намалуваат непријатниот мирис во устата.

3. Јаболков оцет

Во една шолја со вода додадете половина лажица јаболков оцет и со мешавината правете гаргара.

4. Млеко

Маснотиите во млекото кога доаѓаат во допир со мирисот од кромидот, делуваат како средство за плакнење на устата. Користете полномасно млеко.

5. Зачини

Џвакајте цели семки или парчиња од ароматични зачини како кардамом, анасон или каранфилче непосредно по консумирањето на кромид.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава